На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата денеска треба да одлучува дали ќе се ограничи дополнително работното време на угостителските објекти, па наместо до 23 часот истите да работат до 21 часот. Целта е да се спречи натамошно ширење на болеста од којшто во претходното деноноќие беа регистрирани уште 565 заразени од направени 1.325 тестирања.
Ако евентуално актуелните мерките не даваат резултати, според Филипче, се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часови порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде што се одржуваат културни настани. Постојните мерки против болеста, како што оцени, се добро димензионирани и нема потреба од карантин.
-Еден од најбитните параметри е капацитетот на болниците, дали имаме слободни кревети лекари и сестри кои можат да дадат здравствена заштита. Согласно нашиот план ослободуваме се повеќе кревети, функционира системот на ротација. Нема да дозволиме да нема болнички кревет, но нашиот здравствен систен е навистина под голем притисок и во таа смисла се сите овие рестрикции кои што се во сила, рече Филипче.







