Министерот за правда, Игор Филков, денеска во Министерството за правда ги пречека студентите од Факултетот за правни и политички науки при Универзитетот АУЕ-ФОН, кои беа предводени од деканот Сејдефа Џафче и проф. д-р Татјана Ашталкоска Балоска. За време на средбата, Филков разговараше со студентите за работата, предизвиците и заложбите на Министерството за правда, како и за важноста на правната заедница во градењето на општеството.

„Особено сум задоволен од интересот и ентузијазмот на младите за правните прашања. Токму тоа е основата за иднината на нашиот правосуден систем,“ изјави министерот Филков.
Посетата е дел од продолжената соработка меѓу Министерството и Факултетот за правни и политички науки, во рамки на потпишаниот Меморандум за заедничка поддршка, кој има за цел обезбедување практични знаења за студентите и нивна подготовка за идните професионални предизвици во правниот сектор.






