Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Бардот на битолското глумиште Борис Чоревски ја добива наградата „4 Ноември“ за животно дело

by
2024-10-31
in Uncategorized

Бардот на битолското и македонско глумиште Борис Чоревски е добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело што ја доделува Општина Битола по повод Денот на ослободувањето. 

Борис Чоревски е роден во Скопје на 15 септември 1949 година. Основно и средно образование завршил во Битола, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за глумечка игра. На сцената на Народниот театар од Битола настапувал од раната младост, статирајќи и играјќи епизодни улоги. Како младинец ја освоил наградата за најдобра машка улога за ликот на Хенри во претставата „Незакопани мртовци“ од Жан Пол Сартр на Сојузниот натпревар на аматерите од поранешна СФР Југославија во Хвар. По дипломирањето во 1975 година се вработил во Народниот театар во Битола каде остварил преку 100 улоги. Како гостин настапувал во театрите во Прилеп, Штип, Струмица и во Скопје Македонски народен театар и Драмски театар.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Во својот глумечки живот остварил повеќе од 100 театарски улоги, како и редица филмски улоги.

Има остварено над 20 филмски улоги и 15 телевизиски серии. Има остварено главна улога во филмовите Трговецот од Солун на Душан Наумовски, Црвениот коњ на Столе Попов, Прва вечер на Димитрие Османли, Јавачи на ветрот, Прашина и Мајки на Милчо Манчевски. Играл и во сериите: Илинден, Девојките на Марко на Димитар Христов, Битолски лакрдии, Втора смена, Големи и мали, Трето па машко на Душан Наумовски, Црвениот поет. Учествувал и во турските серии кој се снимени во Македонија, Збогум, Румелија и Минатото лето на Балканот во режија на Сердар Акар

Previous Post

Во Тетово ќе се гради нова водоводна мрежа, бидејќи сегашната е полна со дефекти

Next Post

„Копанки“ заличува на посакуваниот планинарски дом

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

„Копанки“ заличува на посакуваниот планинарски дом

Recommended

Чудо во Мјанмар: Момче извлечено живо од под рушевините, пет дена после разорниот земјотрес

Чудо во Мјанмар: Момче извлечено живо од под рушевините, пет дена после разорниот земјотрес

8 months ago
Средношколците ќе бојкотираат ако не се дозволи комбинирана настава

Средношколците ќе бојкотираат ако не се дозволи комбинирана настава

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.