Иако градинката во Тетово е целосно изградена и опремена, објектот сè уште не е отворен за прием на деца поради недостиг на вработени, информира Министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани. Министерот изјави дека објектот ќе биде пуштен во употреба веднаш штом се исполнат сите законски услови, кои според него, се во завршна фаза.
„Во моментот кога ќе се комплетираат потребните процедури, градинката ќе биде достапна за децата,“ рече Лимани, потенцирајќи дека Министерството работи на решавање на овој проблем за да го овозможи почетокот на работата на новиот објект.







