Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Петровска: СДСМ бара седница на собраниската Комисија за надзор над АНБ, за Христовски

by
2024-10-30
in Uncategorized

Поминаа првите 100 дена на новата власт, но на нивната неспобност не и се гледа крајот. Напротив, секој ден сме сведоци на скандали, потреси, но и лаги. Една по една доаѓаме до нивната најголема лага, а наша реалност: државата никогаш не им била важна, само власта.

Именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност под сомнителни околности и со сомнителен сертификат за познавање на англиски јазик е најголемиот срам, но и понижување на државата и на професионалците кои животот и работниот век го посветија во безбедносно-разузнавачката заедница.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Од сите професионалци кои ја градеа оваа заедница, дпмне го одбра тренерот по кик бокс за директор и не почестија со фалсификуван сертификат.

Агенцијата за национална безбедност денес не е истата онаа од времето на Горан Грујоски и Сашо Мијалков, денес оваа Агенција има углед во НАТО безбедносно разузнавачката заедница и е вклучена во активности  и проекти од стратешки интерес за државата, но и НАТО приоритетите.  Но, очигледно дека ДПМНЕ дава се од себе овој углед да го уништи и да го врати како во времето на фамилијата.

И токму затоа имаме многу прашања кои се од значење за иднината на државата кои во интерес на јавноста сакаме јавно да ги поставиме и да добиеме одговори.

Едно од тие прашање е добиено од свиркачи, вработени безбедносно-разузнавачката заедица, и е следно: каде бил Бојан Христовски на денот на полагањето? Каде престојувал, неколку дена пред датумот на полагањето. Но, и многу други поврзани со неговите сегашни активности во Агенцијата. Како на пример, што тој знае за скандалозните помилувања?

Бидејќи ова се прашања од јавен интерес, јавноста, граѓаните и тие 500.000 што гласаа за ДПМНЕ и Силјановска на последните избори, и веќе се каат, но и сите граѓани на Република Северна Македонија имаат право да ја знаат вистината.

Токму затоа денес поднесовме иницијатива до претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР за свикување на седница на која ќе биде поканет директорот на АНБ и ќе даде одговор на овие, но и други прашања.

Бараме оваа седница да биде отворена за јавност за да може да биде сведок на поставените прашања, но и дадените одговори.

Од таа седница јавноста ќе може да се увери дека после оставката на членовите на Комисијата за помилување, кои беа наместени од структури на ДПМНЕ, треба да следи уште една оставка, овој пат во интерес на државата, а не партијата на власт. 

Previous Post

Битолчанец ја грабнал, затворил и тепал екс партнерката – Откако си ги исекла вените неможејќи да издржи продолжил со тепање

Next Post

Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, но добредојдена е секоја поддршка од секој пратеник за владините политики

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, но добредојдена е секоја поддршка од секој пратеник за владините политики

Recommended

„Од тие умрените полицајци“: Штипјанец е хит со предлог-решение за сообраќајните проблеми

„Од тие умрените полицајци“: Штипјанец е хит со предлог-решение за сообраќајните проблеми

4 years ago
Моите ја напуштиле Македонија на магаре:  Џим од Австралија собра 50.000 долари за малиот Јаков од Кочани

Моите ја напуштиле Македонија на магаре: Џим од Австралија собра 50.000 долари за малиот Јаков од Кочани

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.