Ангел Карапетров, советник во општина Тетово, напиша дека е отворен новиот паркинг простор во населбата во близина на Жичарата. Паркингот е изграден по барање на жителите на оваа населба и е наменет исклучиво за резидентите, овозможувајќи им полесен пристап и решение за паркирање.

„Работиме посветено во интерес на нашите сограѓани,“ напиша на Facebook Карапетров, најавувајќи дека во следниот период ќе започнат и активности за изградба на нов паркинг простор зад населбата Тетовчанка.






