Пораката дека во објектот на фабриката е поставена експлозивна направа стигнала на службената електронска адреса. Случајот до МВР го пријавила вработена во правниот субјект
Тревога за поставена бомба утрово добија вработените во фабрика во скопската населба Илинден, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Пораката дека во објектот на фабриката е поставена експлозивна направа стигнала на службената електронска адреса. Случајот до МВР го пријавила вработена во правниот субјект.
Од МВР информираат дека екипи на СВР Скопје и на Единицата за антитероризам веднаш се упатиле во фабриката.
„По извршените проверки не е пронајдена експлозивната направа. Констатирано е дека станува збор за лажна пријава“,се вели во соопштението на МВР.
Според информациите на дел од медиумите, станува збор за фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона во населбата Илинден во Скопје.






