Рестораните, кафулињата, кафеаните да работат до 21 часот наместо до 23 како досега, предлага Комисијата за заштита од заразни болести. Предлогот е одобрен од владиниот кризен штаб, а дека се планира ова, за Мета потврди и д-р Александар Стојанов, директорот на Центарот за јавно здравје.
– Целта со ова е да ги намалиме собирањата и групирањата. Сè што не е битно за државата, не мора да работи. Препораките се да не се собираат, но тие сепак се собираат, па седат до 12, до 1, па и до сабајле, не можат да ги избркаат. Се собираат и во трговските центри, во парковите. Со меркава со намалување на работното време на угостителските објекти, ќе може и полицијата да ги разбркува. Не можеме да ги затвориме целосно, тоа не е опција. Ќе одиме постепено – вели Стојанов за мета.мк целото интервју прочитајте го тука







