Американската амбасадорка, Ангела Агелер, по надзорот на изградбата на сегментот Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8, рече дека реализацијата на вакви проекти е доказ за големите американски компании за инвестирање во нашата земја, пренесува ТВ21. Агелер изјави дека се надева дека ќе види повеќе километри изградени патишта.
„Големо задоволство е да бидам тука со сите вас. Со премиерот, вицепремиерите, директорот и сите овие работници на Бехтел Енка, нема подобра визуелна демонстрација на одличното партнерство помеѓу САД и РСМ од овие столбови, кои се првите докази на земја за овој проект. Помина долго време до тука. Направена е голема работа, сакам да ѝ се заблагодарам на владата за пристапот кон целта за да го придвижи ова, бидејќи како што рече Џош, ова е за придобивките на луѓето од оваа земја. Ќе помогне на трговијата, ќе помогне на инвестициите и на другите компании, вклучувајќи ги големите компании од САД, кои гледајќи вакви проекти, тоа ќе бидат доказите кои им се потребни за да знаат дека инвестицијата во оваа држава има смисла, бидејќи можете да направите напредок. Честитки на сите кои се вклучени. Ова е прекрасен ден и се надевам дека ќе видиме уште многу километри изградени патишта“, рече Агелер.






