Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави значајна вест за општината, потпишувајќи договори со владините министерства и општините кои добија финансиски средства од проект со вкупна вредност од 250 милиони евра. Оваа инвестиција е наменета за капитални проекти кои ќе донесат „вистинска преродба на локалните самоуправи и ќе обезбедат поквалитетен живот за граѓаните.“
Општина Кисела Вода аплицираше и доби поддршка за четири крупни проекти:
1. Уредување на речното корито на реката Мала Рада,
2. Реконструкција на патот кон Пеленица со изградба на тротоар,
3. Реконструкција на улицата „Ѓорѓи Димитров,“
4. Доградба на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ.“
„Сакам да изразам голема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија за поддршката која, за првпат, овозможува вистинска помош за општините и граѓаните,“ изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека оваа влада е „вистински партнер“ на граѓаните.
Ѓорѓиевски посочи дека ќе продолжат со создавање подобри услови за жителите на Кисела Вода, бидејќи, како што истакна, „мојот народ заслужува.“






