Од Кабинетот на претседателката велат дека во следниот период ќе бидат извршени консултации за новиот состав, но и за институционалните и законските слабости кои постојат во системот за помилување на осудените лица…
Претседателката Сиљановска Давкова ги прифати оставките на членовите на Комисијата за помилување кои си поднесуваат колективна оставка од позициите. Одлуката на својот Фејсбук профил прв ја соопшти професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев, кој е член на комисијата.
„Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи“, се вели во објавата на Калајџиев.
Од Кабинетот на претседателката велат дека во следниот период ќе бидат извршени консултации за новиот состав, но и за институционалните и законските слабости кои постојат во системот за помилување на осудените лица.
Ваквите реакции доаѓаат откако Комисијата достави листа за помилување на 23-ти октомври, за 10 осудени лица. Нивните имиња предизвикаа лавина реакции во јавноста. Еден од нив е Акиф Равманоски, кој е член на криминална банда, а кој веднаш откако беше помилуван повторно беше вратен зад решетки, поради сомнеж за обид за убиство.






