На 25 и 26 Октомври се одржа 39 издание на најпознатиот и најстар музички фестивал во Македонија – Макфест

На првата вечер свое учество зема младиот и талентиран Дамјан Стоименовски. Дамјан има 23 години. Со музика се занимава уште од најмала возраст. Има учествувано на голем број престижни музички натпревари од кои Студенско лето во БиХ, Waf awards и има добиено голем број на награди. Покрај љубовта кон музиката младиот Дамјан е дипломиран правник и моментално е на мастер студии по казнено право.

Тој се претстави со песната ,,Исти сме”. Музиката и аранжманот се на Гоце Симоновски, а текстот на Ивана Карајановска.
Дамјан исто така имаше и одличен сценски перформанс.
Линк од видеото:
https://youtu.be/9lHCLHK2_5M?si=fMeL33PEmujUEPFN







