На 26.10.2024 од отворено одделение Велес при Казнено поправна установа Затвор-Идризово, било пријавено дека околу 17 часот при преглед на А.С.(34) од Велес, осудено лице кое издржувало мерка во установата, биле пронајдени дигитална вага, пакување со жолта прашкаста материја и два мобилни телефони, кои од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес биле одземени.
Од страна на полициски службеници од затворска полиција, А.С. бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор-Идризово за доиздржување на казната.






