Улиците на Вера Круз, Мексико, сјаат благодарение на македонската иновација – специјалниот свипер GM955 од Green Machines, бренд на македонската компанија Брако. Овој механички чистач со капацитет од 6 m³ и моќна вакуум технологија е дизајниран да не остава ништо зад себе, што го прави идеален за одржување на чисти и уредни урбани површини.
Свиперот GM955 е подготвен да работи во секакви временски услови и на различни терени, обезбедувајќи одржлив и ефикасен начин за чистење низ целата година, било да е топло лето или ладна зима. Ова е уште еден доказ дека македонските производи можат да направат значајна разлика во глобалната борба за чиста средина.
Со овој ангажман во Мексико, Брако потврдува дека нивната посветеност кон квалитетот и одржливоста ги прави лидери на пазарот за урбана хигиена низ светот.






