Завршена е рехабилитацијата на уште една делница од патниот правец Р2242 Желино-Шемшево-Јегуновце, како дел од инвестиционата програма за надградба и поправка на дотраени коловози на Јавното претпријатие за државни патишта. Оваа програма, реализирана во соработка со ЈП Македонијапат, вклучуваше асфалтирање на коловозот на неколку критични делови, особено кај селата Шемшево, Прељубиште и Јанчиште.
Рехабилитирани се вкупно 1.450 метри пат со просечна ширина од 6,6 метри. Вкупната вредност на реализираните работи изнесува 20 милиони денари, а градежните работи успешно ги изведе ЈП Македонијапат.
Оваа инвестиција значително ќе придонесе за подобрување на патната инфраструктура во регионот, овозможувајќи поголема безбедност и комоција за сите корисници на патот.







