Политиката е причина за одлуките на општина Карпош и општина Струмица да го напуштат ЗЕЛС
Градоначалникот на општина Струмица од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов удри на социјалните мрежи по неговиот партиски колега од општина Центар, Горан Герасимовски.
Костадинов на Facebook напиша:
Почитуван колега Горан,
Сакам да се осврнам на твојата забелешка кажана во гостување на емисија Стадион на Канал77 во врска со мојата одлука за напуштање на ЗЕЛС. Во ова време на предизвици за СДСМ, од клучно значење е одржувањето на единството и колегијалноста.
Недостатокот на сериозен политички однос и реално поимање на ситуацијата може да доведе до нова дестабилизација во нашите редови. Не се работи за избрзана одлука, туку за решителност да заштитам интересите на моите сограѓани.
Се надевам дека и ти, со истата посветеност, ќе ги штитиш интересите на граѓаните на општина Центар. Во овој момент, верувам дека е поважно да размислуваме за поддршка на одлуките, отколку да констатираме или толкуваме.
Политички СТАВ или партиска кариера се градат исклучиво на постулатот на единството.
Така било, така е, а така и ќе биде.
Само силни и сплотени можеме да биеме битки.

Оваа реакција се должи на гостувањето во емисијата “Стадион” на Канал 77 каде што градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека oдлуката на Струмица и Костадинов за напуштање на ЗЕЛС е избрзана






