Сите сме свесни за правилата во однос на носењето маска, особено и најновата новина за носење на маските на отворено.
Сепак, постојат многу видеа на социјалните мрежи за луѓето кои избегнуваат да ги носат маските. Чудно е како една мало нешто со 2 ластичиња стана предмет од толкаво огромно општествено, политичко и филозофско прашање. Според р. Кристен Вајнс, психолог од Северна Каролина, дел од изборот на некои луѓе да не носат маска лежи во психологијата, односно во човековата природа. Таа вели дека едноставно не може да се навикне на маската и се чувствува ограничена од носењето маска. Сепак, и покрај нејзиното лично мислење, таа носи маска во јавноста и покрај оние со кои не живее.
Според Вајнс, дури и пред кризата со коронавирусот, едно од етичките правила беше да се биде внимателен во однос на здравјето и тоа особено пред другите луѓе. Затоа и внимаваме на нашата уста додека киваме, бидејќи сакаме да бидеме културни, но и да го заштитиме здравјето на другите. Важно е да ги почитуваме другите луѓе, без оглед на нашите лични убедувања.
Но, што ако сме надвор и забележиме некој кој не носи маска? Што да направиме?
Според Вајнс, голем дел од луѓето би се потрудиле да ја избегнат ситуацијата и да се тргнат од личноста без да кажат било што. Но, според неа, тоа не е вистинскиот пристап. Културно е да се пристапи на личноста и да се посочи дека е важно да се носи маска. Ако се сложат, тоа е одлично. Ако не се сложат, и тоа е во ред. Во тој случај, можеме да ја носиме својата маска, но да држиме дистанца. Нема да стигнеме далеку, ако се објаснуваме со тие луѓе. Можеме да бидеме внимателни за своето здравје и здравјето на другите, но не можеме никого да убедиме во ништо.







