Покрената е постапка против жител на Мала Речица кој нелегално држел бомби. Тој се сликал со двете рачни бомби но и имал означена во својот телефон во селото Доброште
Потоа се упатил со автомобил кон локацијата, но на влезот од селото селаните веднаш го забележале како сомнително непознато лице. За да не биде откриен, бомбите ги извадил и ги оставил покрај патот, па продолжил да вози. Меѓутоа, локални жители му го попречиле патот, го пријавиле во полиција, по што бил лишен од слобода.
Јавниот обвинител предложил на осомниченото лице да му биде определена мерка притвор а тој ќе се гони за кривичното дело „ Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик“







