Министерот за транспорт Александар Николовски за ТВ21 изјави дека првите 2 километри од патот Скопје-Блаце не поврзуваат ништо со ништо. Николовски понатаму нагласи дека 2-те километри завршуваат во дол, како што додаде, во голема дупка. Тој рече дека не може да прифати вакви проекти и дека претходната влада била мајстор за нефункционални проекти. И додека повторно го повика Обвинителството да побара одговорност, додаде дека единствената логика што може да ја најде во овој случај е промената на сопственоста низ трасата, во однос на тоа како се купувани одредени имоти, во кој период се купувани и од кого се купувани.
„Таму е истата приказна, зборуваме за тие фамозни 2 километри, ве поканувам со камера да снимате, тие 2 километри завршуваат во дол, односно во голема дупка и практично имаме пат кој не оди никаде. Која е поентата да се градат 2 километри кои ништо не поврзуваат со ништо. Практично, имаме 2 километри автопат што не поврзува ништо со ништо“, изјави министерот за транспорт Александар Николовски на Клик плус на ТВ 21.







