Газда на скопска фирма пријавил дека од вчера ги нема двајца Непалци кои биле вработени во фирмата, соопшти МВР.
„На 24.10.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Г.(54) од Скопје пријавил дека од местото каде престојувале се оддалечиле К.Д.Б.(25) и Т.М.А.(34), двајцата од Непал, вработени во приватна фирма во Скопје“, велат од полицијата.






