Ако драстично се зголемат цените на прехрамбените производи по одмрзнување на бруто профитната маржа, ќе се донесат поригорозни мерки најави министерот за економија Бесар Дурмиши, без да открие било какви детали.
На крајот на идната недела завршува владината мерка за есенската потрошувачка кошничка и на 73 производи кои се дел од неа им се одмрзнува бруто профитната маржи, но министерот верува дека трговците нема да ги покачат цените, со оглед на тоа што на сила е и законот за забрана на нефер трговски практики, со кој над 2 500 производи имаат огранична маржа до 10 %. Иако вели не сите производи кои се дел од кошничката се со намалени цени, Дурмиши уверува мерката дава резулатати цените на одредени производи се намалени за пет до десет отсто.
„Ако кога ќе завршува оваа мерка ако имаме драстично покачување на цените во наредниот месец, значи ќе донесеме поригорозни мерки … ние носевме одлуки за две мерки, за училишна кошница и за есенска потрошувачка кошница, ако ги земеме анализите на двете овие мерки значи доаѓа околу 3 000 денари поевтино на секое семејство….“- Бесар Дурмиши – министер за економија






