Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

49 граѓански организации побараа од министерката Божиновска да се почитуваат еколошките параметри

by
2024-10-25
in Uncategorized

Барањето да се гарантираат еколошки параметри во предлог – стратегијата за рударство 2025-2045 беше тема на денешната средба на претставници на 49 граѓански организации и институции од секторот животна средина со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновски.

На средбата екологистите побараа увид во последната верзија на стратегијата, откако поднеле свои забелешки пред околу една година до експертскиот тим ангажиран од тогашното Министерство за економија. Ја искажаа својата основна заложба, а тоа е: државата во своите економски планови да тргнува од обезбедување здрав и квалитетен живот за граѓаните, како врвен јавен интерес. Знаејќи дека рударството и црпењето минерални суровини спаѓаат во загадувачки индустрии, тие бараат да се отвори широка дискусија во општеството за овој важен стратешки документ за Македонија, за да биде донесен низ транспарентна процедура и со вклученост на сите засегнати страни. Мислењето на локалните жители, непосредно изразено преку јавни расправи и референдуми, да биде одлучувачко при носењето одлуки за издавање концесии.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Министерката Божиновска покажа интерес и разбирање за нивните барања, со став дека е отворена за дијалог и вклучување на екологистите и сите заинтересирани страни во изготвувањето на стратегијата. Таа информираше дека во моментот министерството работи на Законот за енергетика, по што ќе следи нов Закон за минерални суровини и Стартегијата за рударство, ќе се формираат работни групи каде задолжително ќе бидат вклучени и граѓанските активисти. Министерката покажа интерес за повеќе проблеми во рударството поврзани со животната средина, по што се заложи во иднина сите процеси во рударството да одат координирано со Министерството за животна средина и со граѓанските активисти.

Екологистите ги повторија еколошките принципи и начела кои треба да бидат вградени во

стратегијата за рударство:

  1. Искористување и експлоатација не по секоја цена.
  2. Усогласување со државните стратешки документи за животна средина, климатски промени, туризам, земјоделие и рурален развој, енергетика, врз база на кои се вложувало во инфраструктура, субвенции и бизниси.
  3. Да има континуитет во стратешките документи за индустриската политика, како што е Индустриска политика на Република Македонија 2009-2020, изработен со Светска банка, усогласен со ЕУ политики.
  4. Не за „рударскоцентричен концепт“ и промоција на Македонија како „рударска земја“, зашто е во колизија со сите македонски и европски стратешки документи за зелена енергија, циркуларна економија, зелена инфраструктура, заштита на животната средина и климатска акција.
  5. Не за рудници во заштитени подрачја, ниту во подрачја кои се во фаза на заштита (Кожуф, Огражден, Беласица, Јакупица, Јабланица…), во склад со Националната стратегијата за заштита на природата.
  6. Не рудници на 5 км од населено место или од заштитено подрачје, зашто е забранета загадувачка индустрија на тоа растојание (Закон за животна средина).
  7. Не за обнова на старите рудници и отворање нови во места кои се веќе еколошки оптоварени со старо историско загадување, за кои тоа би биле дополнителни здравствени проблеми за жителите (Пробиштип, Лојане…).
  8. Санација и рекултивација на старите рудници, со решавање на еколошките проблеми, заради заштита на здравјето и животната средина.
  9. Грижа за еколошките мрежи за заштита на биодиверзитетот, посебно на дивиот свет и природните живеалишта (Емералд, НАТУРА 2000).
  10. Затворање на ископите на јаглен, и усогласување на енергетичарите, рударите и екологистите, од аспект на климатските планови.
  11. Носење НОВ Просторен план на Р.С. Македонија и ажурирани просторни планови по региони, во склад со обврските за зелен развој и климатска акција.
  12. Носење нов Закон за просторно планирање и нов Закон за води, кои се изготвени.
  13. Спроведување на препораките од Ревизијата на успешност во управувањето со минералните суровини 2016-2020 на Државниот завод за ревизија, комплементарни со барањата на екологистите од кампањата „Разбистри се“: Институциите да тргнат од јавниот интерес, со стратешки пристап за обемот и начинот на геолошките истражувања и експлоатацијата на минералните суровини, со „одржливо“ искористување, преку јакнење на капацитетите за ефикасни контролни механизми во сите фази на концесијата – од финансиска гаранција во случај на штети по животната средина, преку јавно достапни податоци за постапката по која е склучен договорот, се до надзор над загадувањето на природата, над количеството ископани минерални суровини и над мерките за рекултивација на земјиштето. Да се задолжат постојните рудници со отворен коп, кои продолжуваат да работат со цијаниди и сулфурна киселина, да си ги усогласат еколошките дозволи со новата Директива за индустриски емисии 2010/75/ЕУ.

Состанокот заврши со договор за продолжување на соработката и овозможување целосна транспарентност и вклучување во процесите кои следат.Зад овие барања стојат: Зелен институт, Еко Долина – Ново Село, Здрава Котлина – Струмица, Зелените од Гази Баба, ИКС Институт за комуникациски студии, О2 иницијатива, Грин.орг – Кочани, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг и проф. Кирил Сотировски, РАДАР, АРНО, Фронт 21/42, Еко-живот – Кавадарци, Еко звон, ЦИКП, Го сакам Водно, АРТ ПОИНТ – ГУМНО, Новинари за човекови права, Балканска водна мрежа, Национален Рома Центар, Охрид СОС, ЕКО ЛОГИК, Гоу Грин, Геосфера – Битола, Ековита – Неготино, Здружение на мултиетничко општество за човекови права Штип, Рурална коалиција, Куќа на среќата, Институт за биологија при ПМФ и проф. Рената Ќуштеревска, Институт за демократија, АДИ, Шанса за Центар, МЦМС, МАЦЕФ, Чеинџмејкерс, ЕДЕН, Зелен хуман град, Вила Зора Велес, ДЕМ, Независни од Карпош – За заштита на Карпош, СТИГА Е – Ново Село, Струмица и Босилово, Млади за Македонија, Центар за управување со знаење, Полимат 13 – Богданци, МЕД, Проф. Валентина Стаменковиќ од Институт за биологија при ПМФ, Граѓански центар за одржлив развој ЕГРИ, Млади правници, Еко Герила Тетово, Локал Акт Македонски Брод.

На средбата беа присутни Лилјана Поповска од Зелен институт, Костадин Ристоманов од Еко Долина – Ново Село, Ѓорги Танушев од Здрава котлина – Струмица, Дејан Андонов од ИКС Институт за комуникациски студии, Дејан Димитровски од Зелените од Гази Баба и Татјана Атанасовска Гроздановска од О2 Иницијатива. Од страна на Министерството, покрај Министерката, беа присутни претставници од секторите за минерални суровини и енергетика.

Previous Post

Концерт на млади бендови, утре во кафуле “Радост“ во Битола

Next Post

Шилегов удри по Заев и Филипче во 2 по полноќ: СДСМ е заробена партија!

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Шилегов удри по Заев и Филипче во 2 по полноќ: СДСМ е заробена партија!

Recommended

Влијанието на 4iG: Како купувањето на ОНЕ Црна Гора го преобликува телекомуникацискиот пејзаж на Црна Гора

1 year ago
Емотивно сведочење на Ева: Јас сум била бебе, татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале од зградата која се нишала како брод …

Емотивно сведочење на Ева: Јас сум била бебе, татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале од зградата која се нишала како брод …

2 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.