Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, изрази благодарност за тимот што стои зад постигнувањата во министерството, истакнувајќи ја нивната посветеност и позитивна енергија. Во своето обраќање, Божиновска ги нагласи заедничките напори за воведување на значајни промени, со цел создавање одржлива и просперитетна иднина за сите.

Божиновска: „Горда сум што имав можност да се запознаам подобро со посветениот тим во нашето министерство, кој секојдневно придонесува за развојот на нашиот сектор. Со полна енергија и ентузијазам, заедно работиме на воведување значајни промени. Со јасна визија и максимален капацитет, посветено чекориме кон одржлива и просперитетна иднина.“







