Денеска (21.10.2024) околу 08.00 часот во СВР Тетово, Б.У. од Тетово пријавил дека во неговиот угостителски објект на улица ,,Иво Лола Рибар“ во Тетово бил фрлен предмет кој личи на експлозивна направа, а која не експлодирала и се наоѓа пред влезот на објектот. Нема повредени лица, а било скршено само стаклото од излогот.
Веднаш по пријавата биле преземени мерки и било констатирано дека се работи за угостителски објект кој повремено се користи и како клуб од една политичка партија. Увид бил извршен и било констатирано дека се работи за рачна бомба Ф1 која била активирана, но не експлодирала. Бомбата била подигната од Единицата за антитероризам. СВР Тетово презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.







