Ракометниот тим Вардар се најде во проблем пред натпреварот со Порто во Европската лига на ЕХФ и тоа од крајно несекојдневна природа.
Голема е веројатноста тренерот Владо Недановски да го нема на располагање Вуко Борозан.Црногорскиот бек имал неубава ситуација во неделата. За време на прошетка на неговите деца, Борозан бил нападнат од кучиња и морал да ги одбрани своите деца.
Случката ја откри и сподели за јавноста, тренерот Недановски на прес-конференцијата пред мечот со Порто.
„За жал имаме неколку повредени играчи, 4-5 ракометари. Се случуваат неочекувани работи во нашиот главен град. Вуко Борозан шетајќи со своите деца беше нападнат од кучиња и заврши во болница. Бранејќи ги своите деца заработи 14-15 конци“, откри тренерот на вардарци.
Борозан по случката завршил во болница, повреден и „искасапен“ од кучињата, па морал да добие 14-15 конци.







