Србинот Владислав Милановиќ и Американката Меј се веќе извесно време во брак, а нивниот живот секојдневно го следат 100.000 луѓе на Јутјуб.
Едно од нивните најпопуларни видеа е она на кое Меј испробува традиционална балканска трпеза и ја оценува според вкусот. На трпезата се наоѓаат гибаница, ајвар, гурманска плескавица, ќебапи, грав, торти.
На Меј најмногу ѝ се допаднала „шопска“ салата, која ѝ ја „подметнал“ нејзиниот сопруг, бидејќи не е голема обожавателка на сирењето, а исто така била воодушевена и од вкусот на плескавицата. Ќебапите не ѝ се допаднале многу, па им дала осумка на скалата од еден до 10.







