Почитувани тетовчани,
за краток период се очекува да се отпочне со изведување на работите на улицата „Борис Кидрич“ (Методија Андонов – Ченто). Една од главните улици во градот ќе добие целосно нов изглед.
Целосно ќе се реконструира улицата, атмосферска канализација, ќе се постави урбана опрема, нови тротоари, јавно осветлување, шеталиште, велосипедска патека и нови паркинг места.










