Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски со отец Оливер и вредните раце на волонтерите од Х.О. ,,Свети Спас”, подготвија повеќе од 200 оброци за ранливите семејства.
Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави:
? На Светскиот ден за борба против гладот, заедно со Отец Оливер и мојот тим, се приклучивме на иницијативата за подготовка на оброци за социјално загрозените семејства, дел од програмата на Хуманитарната организација ,,Свети Спас” од Драчево.
?? Во време кога многумина се соочуваат со големи предизвици, нашата обврска е да подадеме рака и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно.
❤️ Хуманоста е темелот на едно здраво и солидарно општество.
? Малите дела на добрина имаат голема моќ да внесат светлина во животите на луѓето.
? Овие оброци што денес ги подготвуваме се повеќе од храна – тие се симбол на грижа, љубов и поддршка, порака дека никој не треба да биде оставен сам во тешки моменти.
? Им се заблагодарувам на Хуманитарната организација ,,Свети Спас” и на Отец Оливер за нивната посветеност и за сите напори што ги вложуваат во помагање на нашите сограѓани. Заедно покажуваме дека кога сме обединети во доброто, можеме да направиме вистинска разлика.
Исто така, заедно со ЈДГ ,,Весели цветови” и ,,8 Март”, подготвивме прехрамбени пакети кои ќе бидат поделени на социјално ранливите семејства.
✌️Се чувствувам навистина почестен што со години сум дел од оваа убава приказна.
? Мојата поддршка ќе ја имаат засекогаш!







