Музафер Карашиќ, полицаец и Помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи, сведочеше на денешното рочиште за убиствата на Вања и на Панче. Тој објаснуваше детали за потрагата на малата Вања.
„Александар ми пушташе слики, видео снимки. Беше упорен во тоа дека девојчето е киднапирано и убиено. Ми се јави Александар бараше средба со мене, итно да се видиме. Откако е киднапирано девојчето рече дека постојано е во станот кај Зорица, таму спиел. Дојде со некој кој се претстави како Гоце. Околу 40 годни имаше. Разговорот ни траеше 10тина минути, мислев дека има нешто да нѝ каже. Гоце повеќе зборуваше отколку Александар. Таткото пак тезата ја водеше кон мафијашки групи, криминали, дека бараат пари, и дека е убиена. Кога прашав кој е Гоце? Ми рече дека е пријател, старо кумство. Ми рече дека откако дознал нон стоп биле заедно, барале снимки. Се интересираше што имаме ние како МВР, тогаш не ми дадоа никаква информација“, рече полицаецот Музафер Каришиќ.
Обвинител: Какви пораки ви праќаа Александар и Гоце?
„Беа слики и некои снимки од камери кои и ние веќе ги имавме. Снимки д околни фирми, згради, објекти… Како ги прибавиле, не знам. Се сеќавам на една. Александар ми ја испрати од спроти влезот на зградата каде што е киднапирана Вања, има камера која гледа како директно во влезот. Тоа беше нешто поспецифично од Алекдандар. Отидовме и ние во тој објект, контактиравме со газдата, тој ни рече дека друго лице е одговорно за системите за камери и ни даде број од него. Ние контактиравме се договоривме со него да одиме, кога отидовме видовме дека нема струја. По еден круг околку објектот, кој беше како приколка, видовме дека кабелот од камерата беше исечен“, вели Каришиќ.






