Пациенти препуштени сами на себе без грижа, а за починатите не ги известуваат членовите на семејството – вака изгледа сликата за Клиничката болница во Битола која ја опишаа роднините на 79-годишниот Трајко Бојоски.
Како што велат неговата сопруга и ќерка, 79-годишниот маж неколку пати бил приман и враќан, а по часови убедување со докторите, во неделата бил примен на Интерното одделение во болницата. Тој примал само симптоматска терапија, како што вели ќерка му, а другиот ден го нашле врзан за креветот откако веќе еднаш паднал од него.
„Мажот ми беше целиот изврзан како на бесилка. Рацете врзани за креветот и провиснати надолу и нозете врзани и расчекорени. Јас се запрепастив и барам сестра, ама нема“, вели сопругата Блага Бојоска за „Алфа ТВ“.







