Огранокот на ДУИ Тетово, ја обвини локалната власт на градот за притисоци врз вработените во општината, но и административците во централната власт. Според Блерим Османи, актуелната власт на централно ниво врши невиден мобинг кон сите вработени кои имаат различни убедувања од сегашните општински раководители и оваа Влада, која ја нарече нелегитимна.
Реагираа од општина Тетово. Обвинувањата за мобинг ги нарекуваат неосновани и дека се употребуваат за создавање конфузија и ширење нејаснотии. Уверуваат дека никогаш немало и нема да има простор за неправеден однос кон вработените, независно од нивните политички убедувања или нивната позиција во институциите.
Биљал Касами, претседател на Движењето Беса, дел од коалицијата ВРЕДИ, коалиција која речиси четири месеци е дел од Владата, раководи со Тетово. ДУИ која е лидер на коалицијата Европски фронт, е опозиција и во општина Тетово и на централно ниво.






