Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ревизијата откри големи пропусти во Министерството за култура

by
2024-10-15
in Uncategorized

Во 2023 година, Министерството за култура исплатило вкупно 318 милиони денари (5.154.000 евра) за различни културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба, што може да има влијание на субјективен избор на проектите.

Државниот завод за ревизија(ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за култура за 2023 година.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Утврдени се состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на издаденото неповолно мислење на овластениот државен ревизор во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики.

Во однос на евидентираниот книжен фонд на Министерството, со извршената ревизија утврдено е дека потекнува од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година, во вкупен износ од 408.123 илјади денари и вклучува 686.318 примероци. Поради непостоење на план за дистрибуција на отпечатените и не дистрибуираните книги, се создава значителен проблем со сместувањето на оваа голема количина, дополнително усложнет од недостигот на интерес од државните институции за преземање на книгите поради исполнетост на нивните капацитети.

Исто така, не е извршен попис за утврдување на фактичката состојба, како во однос на бројот на книги, така и за условите во кои тие се чуваат, што може да доведе до оштетување на истите.

Во однос на остварувањето на приоритетите за развој и унапредување на културата, констатирано е дека последната усвоена Национална стратегија за развој на културата од Собранието го покрива периодот 2018-2022 година, оставајќи ги активностите за 2023 година, предмет на актуелната ревизија, без јасни насоки. Министерството нема донесено годишен план ниту за претходниот период, ниту за 2023 година, што е нотирано и во претходните ревизорски извештаи.

Недостигот на долгорочна стратегија за развој на културата доведува до општи поставени приоритети и создава предизвици во планирањето на културните активности.

Во декември 2023 година, Владата усвои нова Национална стратегија за културата за периодот 2023-2028 година, но истата не е усвоена од Собранието.

Со ревизијата констатирани се недостатоци во распределбата на средствата за културни проекти, која се врши преку Годишен конкурс согласно Законот за култура. Констатирано е дека не постојат јасни квалификации за членови на комисиите, приоритетите во конкурсите често се општи и не се темелат на долгорочни политики, а критериумите за оценка на проектите не се строго дефинирани, што создава простор за субјективизам, некомпетентно именување на членови и неправилно категоризирање на проектите. Овие недостатоци доведуваат до недоволно квалитетна распределба на средства, а комисиите бодуваат проекти без конкретни насоки и без мерила за негативно бодување на неуспешни автори.

Во 2023 година, Министерството за култура исплатило вкупно 318.152 илјади денари за одобрени проекти на други корисници, што ја нагласува итната потреба за јасни правила и критериуми во распределбата на средствата. И покрај приоритетот за реформи во оваа област, предлогот за нов закон, кој би можел да го подобри системот, сè уште не е усвоен.

Во рамките на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2023 година, Министерството за култура поддржало 74 од 185 апликации за интердисциплинарни проекти, што претставува 40% од предлозите, со вкупна исплата од 22.185 илјади денари. И покрај тоа што интердисциплинарната дејност не е формално дефинирана во Законот за култура, Министерството продолжува да финансира проекти надвор од утврдените категории, што  не е во согласност со Законот за културата. Поради финансиски договори кои дозволуваат финансирање на повеќе од два проекти од едно правно лице, како и недостигот на целосна документација и евалуација за измените на договорите, се загрозува транспарентноста и правичноста во распределбата на средствата. Овие недостатоци отвораат простор за неправилности и фаворизирање на одредени проекти во интердисциплинарните активности.

Утврдени се слабости и во распределбата на средствата за проекти од национален интерес, особено во меѓународната културна соработка, кои укажуваат на недостаток на транспарентност. Дел од исплатените средства за проекти не се доделени преку редовни конкурси, а некои правни лица добиле поддршка над лимитот од четири проекти, што го нарушува почитувањето на утврдените услови.

Осум проекти добиле вкупно 5.407 илјади денари без објективни причини за недоставување на апликации.

Иако Министерството има усвоено Упатство за финансирање, тоа не нуди доволно прецизни насоки, што создава неповолна ситуација за другите учесници во конкурсите.

Потребно е преземање на активности за утврдување на јасни критериуми за финансирање кои ќе обезбедат правичен третман на сите апликанти.

Во 2023 година, Министерството додели 37.392 илјади денари како капитални дотации на девет општини за изградба на културни објекти, при што исплатата на средствата се врши по добиено барање со прилог документација. Сепак, за Општина Липково, Владата донела одлука за доделување дополнителни 30.000 илјади денари за проектот “Дом на култура” во с. Матејче, но исплатата беше извршена без потребата за доставување на документација, што не е во согласност со условите поставени за останатите општини. Овој проект, кој започнал во 2014 година, добил претходно 25.000 илјади денари од Министерството, но утврдените средства не се соодветни за планираните активности, што создава ризик од несоодветно користење. Овие активности не се во согласност со Законот за извршување на буџетот за 2023 година и Законот за сметководство, кои налагаат наменска и рационална употреба на буџетските средства.

Со ревизијата, констатирани се слабости и во евидентирањето на средствата и проектната документација за капитални објекти во периодот од 2012 до 2023 година. Покрај тоа, констатирано е дека единицата за внатрешна ревизија не е формирана, односно отсуствува разумно уверување за функционирањето на финансиското управување и контроли (ФУК).

Дополнително, утврдени се исплати на надоместоци без законска основа, како и пропусти во две јавни набавки во вкупен износ од 18.455.000 денари. Овие пропусти можат негативно да влијаат на конкуренцијата и да го нарушат принципот на еднаквиот третман на економските оператори.

Извор: ДЗР

Previous Post

Криминалец баран со македонска потерница уапсен на Косово

Next Post

Вмимавајте во кои игротеки ги носите вашите деца: Затворени 13 игротеки

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Вмимавајте во кои игротеки ги носите вашите деца: Затворени 13 игротеки

Recommended

Солидарност од Швајцарија: Собир во Берн за жртвите во Кочани и Нови Сад

8 months ago
Љубовницата го предала Спасов на бугарската полиција

Љубовницата го предала Спасов на бугарската полиција

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.