Министерот за култура и туризам Зоран Лутков најави реализација на неколку значајни проекти за наредната година, меѓу кои и ревитализација на Скопско Кале, кое е запуштено од 2011, кога по масовната тепачка поради изградбата на црква, беше затворено за посетители.
Љутков рече дека за ревитализацијата е формирана комисија, а обезбедени се и пари за Управата за заштита на културното наследство.
На прашањето дали ќе се обнови и делот од Скопско Кале каде пред 13 години имаше меѓуетнички судири, Љутков рече дека случувањата во минатото биле политички. Тој увери дека на тоа место ќе има само музеј, а не и црква.







