АД ЕСМ го обвинува поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, за манипулација со јавноста во врска со проектот Александрополис. Според компанијата, Бектеши погрешно ги претставува придобивките за Македонија, додека реалноста е дека државата се соочува со значителни финансиски обврски од овој проект.
Компанијата посочува дека АД ЕСМ е обврзана да плаќа три милиони евра годишно, што вкупно изнесува над 45 милиони евра за следните 15 години за закупен капацитет за природен гас во терминалот кој засега нема да може да се користи.
АД ЕСМ исто така тврди дека Владата, во време кога Бектеши беше министер, влегла во проектот целосно неподготвена, без бизнис план и јасна стратегија. Дополнително, и покрај ветувањата, НОМАГАС не стана сопственик на 10% од гасниот терминал, ниту АД ЕСМ на 25% од гасната електрана во Александрополис.
Компанијата повикува Бектеши да ја признае вистинската состојба пред јавноста.






