СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Х.(55) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. На 04.10.2024 тој управувал минибус на релација Косово – Грција и кога пристапил на пасошка контрола на Граничен премин Долно Блаце, поради тоа што немал сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






