Многу емотивна и страсна изведба на македонската државна химна од страна на македонските фудбалски репрезентативци пред мечот со Летонија во Лигата за нациите која во 2026 година може да не однесе на светското првенство во фудбал во Америка.
Со срце химната ја пееја Елиф Елмас, Бојан Миовски и другите репрезентативци но најстрасно ја испеа голманот Столе Димитриевски кој ,,држеше терца” од ,,Денес над Македонија се раѓа” се до последниот стих.
Дали таквата страст на играчите при интонирање на химната доведе до тешките одбрани на Димитриевски, одличната игра на тимот и убедлива победа или во прашање се само фудбалските вештини можат да придонесат ценат тие што го гледаа мечот на националниот сервис МТВ.






