Ужасен случај на насилство во јули ја потресе Турција – напаѓач вооружен со нож влезе во градски автобус во областа Карамурсел, и без никакво предупредување почна да ги боде патниците – еден од нив, 29-годишниот Енес Јигит Тораман, го загуби животот во бруталниот напад.
Во тој момент, во автобусот имало уште десетина патници, кои веднаш избегале низ вратата кога почувствувале што ќе се случи.
Сега е објавена снимката од безбедносните камери во автобусот, кои го забележале вознемирувачкиот инцидент.
Напаѓачот, кој турските медиуми го ословуваат со иницијалите Б.А.(39), влегол во автобусот на станицата и веднаш го започнал нападот.






