Енис Барди беше стрелец во последната победа на Македонија над Летонија од 0-2 во квалификациите за ЕП 2020, токуму во Рига. Сега верува дека колективот ќе не однесе до нова победа во групата денеска.
„Одговорноста е кај секој од нас за овие натпревари, иако секако многумина очекуваат од мене да го понесам тимот. Подготвен сум како и секогаш да бидам во функција на тимот. Но, ние сме колектив а не поединци и така ќе се однесуваме и утре атакувајќи на трите бода против Летонија“ – истакна Барди на прес-конференцијата во Рига.






