Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Турскиот претседател, Ердоган, денеска во посета на Тирана, со Рама ќе ја инаугурираат големата џамија

by
2024-10-10
in Uncategorized

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе престојува во Тирана, која е прва дестинација на неговата мини балканска турнеја, во чии рамки утре ќе го посети Белград. 

Покрај средбата со неговиот голем пријател, премиерот Еди Рама, Ердоган ќе се сретне и со претседателот Бајрам Бегај. Според протоколот седница ќе одржи Советот за меѓудржавна соработка, на кој ќе бидат потпишани неколку договори, а попладне во 16:30 заедно со Рама ќе ја инаугурираат новата „Намазѓа“ џамија (попозната како големата џамија) во центарот на Тирана. Турскиот претседател присуствуваше и на церемонијата на започнувањето на изградбата во 2015 година, нарекувајќи ја „единствениот симбол на братството меѓу нашите две нации“. 

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Овој верски објект веќе неколку години е завршен, но турската влада до сега не прифаќаше да ја предаде поради „конфликтите“ на турските владини претставници со претставниците на муслиманската верска заедница во Албанија, обвинувајќи дека дел од имамите и раководството, вклучително го и поглаварот, Бујар Спахиу, се поврзани со организацијата „Фето“. Тоа се гледа и од фактот што на денешната инаугурација, како што информираше и МВЗ, нема да присуствува поглаварот туку муфтијата на Тирана Газмент Теќја. Надлежен на џамијата ќе биде Енес Бастур, имам од Турција.

Намазѓа џамијата е со површина од 10 илјади квадратни метри и има капацитет за 5,000 верници, додека заедно со надворешните простори ќе можат да се молат околу 10,000 верници. Изградбата на џамијата е финансирана од Претседателството за верски прашања на Турција (Дијанет) и Фондацијата на Претседателството за верски прашања на Турција, а е вредна околу 30 милиони евра. Џамијата архитектонски е слична на оние во Истанбул, располага и со библиотека, културен центар, конференциска и изложбена сала, менза, како и Музеј на соживотот. Освен што на ова место ќе може да се изучува Куранот, ќе може да се учи и турскиот јазик. 

Ердоган и Рама во текот на една календарска година имаат по три до четири средби, но повеќето во Анкара. Последната посета на Ердоган на Албанија, беше во јануари 2022 година.

Поради денешната посета на шефот на турската држава, во Тирана воведен е посебен режим во сообраќајот а засилено обезбедување има уште од аеродромот.

Previous Post

Масовен напад врз Русија, погоден магацин со дронови, гори кај воениот аеродром

Next Post

СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Recommended

Ги расплака сите во студиото: Натпреварувачка во „Се или нешто“ посвети песна за нејзината слепа мајка

Ги расплака сите во студиото: Натпреварувачка во „Се или нешто“ посвети песна за нејзината слепа мајка

3 years ago
Украдените пари ги префрлале во странство и си купувале „мерцедеси“ – ОЈО со детали за истрага за 13 физички и правно лице

Ја бодел со нож во вратот пред петгодишната ќерка: Скопјанец свирепо ја убил својата партнерка

7 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.