Комисијата за финансии и буџет на Советот на Општина Битола, на Седницата одржана на 03.09.2024, одлучуваше по доставените барања на јавните повици објавени од општината.
На следниот линк https://www.bitola.gov.mk/…/2024/10/20241008145041847.pdf,
достапни се одлуките со доделените средства на апликантите за следните повици:
– Јавен повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2024 година
– Јавен повик за ангажирање експерти за поддршка на жени претприемачи на локално ниво
– Јавен повик за поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани/фондации кои работат во областа на еднаквите можности
– Јавен повик за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и индивидуални спортисти за 2024 година
На објавениот линк, достапни се информации и за апликантите на кои не им се доделени средства по наведените повици.






