Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Врховен суд: Граѓаните ќе може да ја тужат државата поради загаден воздух

by
2024-10-08
in Uncategorized
Врховен суд: Граѓаните ќе може да ја тужат државата поради загаден воздух

Врховниот суд денеска на општа седница утврди начелен став дека „државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните“, по поднесена Иницијатива од страна на Адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, за утврдување начелен став и правно мислење, за тоа колку државата обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, согласно законски утврдените должности и надлежности во областа на животната средина.

Врховниот суд денеска на општа седница утврди начелен став дека „државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните“, по поднесена Иницијатива од страна на Адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, за утврдување начелен став и правно мислење, за тоа колку државата обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, согласно законски утврдените должности и надлежности во областа на животната средина.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Ова доаѓа откако двајца македонски граѓани поднесoa тужби до Управниот суд за заштита на слободите и правата, каде наведуваат дека дишат енормно загаден воздух и бараат од државата да донесе стратешки акционен план за заштита.

Со оглед на тоа дека денешната расправа е од висок јавен интерес, по предлог на претседателката на Врховен, Беса Адеми, како експерт во областа беше повикан професорот Борче Давитковски, кој во своето излагање нагласи дека секој може да бара заштита и Судот треба да носи одлуки со кои ќе ги натера надлежните органи да постапуваат согласно Законот за амбиентален воздух.

– Уставот којшто вели „секој“ граѓанин, значи секој може. Ова не е „Actio popularis“, знаете кај нас наводно е забрането „actio popularis“, ова не е јавна тужба, ова е тужба за заштита на своето право. Не дај Боже ако на некој му е повредено правото и почине, после кој ќе го брани, фамилијата ли ќе го брани? Значи секој може да бара заштита и Судот треба тоа да го земе, доколку јавните органи не ги презеле своите надлежности, согласно Законот за амбиенталниот воздух, треба Судот да носи пресуди со цел да им укажува на носителите дека судската власт е голем коректив на извршната власт. На овој начин судот ако влезе во спор, бидејќи се работи за јавен интерес, Судот и превентивно ќе дејствува со цел да ги натера надлежните органи, Градот Скопје, општините дека некој води грижа за граѓаните на оваа земја и дека треба да ги стават на столбот на срамот јавните органи коишто не постапиле согласни надлежностите, нагласи Давитковски.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, посочи Давитковски, во земјава секоја година умираат од 4.500 до 5.000 граѓани.

– Институтот за јавно здравје излезе со податоци дека во Македонија секоја година умираат од 4.500 до 5.000 граѓани. Ако ги земете изминативе 32 години од кога постоиме, тоа значи дека ние сме изгубиле една десетина од населението само од загаден воздух и никој не одговара и никој не реагира. Сега имаме адвокати кои реагираат и веднаш Управниот суд се огласува дека немало поединечен акт, немало поединечен случај и тн. Втора информација која излезе деновиве е дека од 10 родени деца, едно починува поради загаден воздух во државата, посочи Давитковски.

Како што претходно појасни судијата известител Џемали Саити, со тужбите биле засегнати повеќе државни органи за непостапување, бидејќи во нив се наведува дека државата со непреземање на дејствија ги оштетила правата на граѓаните за здрава животна средина, и затоа, во начелниот став кој денеска го утврди Врховен се вели „право на здрава животна средина на засегнатите физички и правни лица се однесува за дејствија на преземање или непреземање, од страна на овластено лице како претставник на државната власт или службено лице што работи во органите на државната управа, од аспект на одговорност за преземање на дејствија во рамките на своите надлежности, co кои спротивно на законот, непосредно се ограничува остварување на слобода или некое право загарантирано со Уставот, законите и меѓународните акти“.

Ставот на Врховен е дека „во остварувањето на правото на здрава животна средина се применуваат одредбите од Законот за управните спорови, кои обезбедуваат судска заштита од незаконски акти и дејствија (или непреземени дествија) со кои се повредуваат уставно загарантираните права и слободи на човекот или граѓанинот, кога таа конкретна судска заштита не е предвидена со Уставот и другите закони“, и како што појаснија, под дејствие на службено лице се смета „секое дејствие, активност или акт на сторување или несторување во извршувањето на законските обврски во рамките на своите надлежности предвидени со Уставот, законите и меѓународните документи ратификувани од страна на Република Северна Македонија“.

Целата постапка тргна откако Управниот суд најпрво ги одбил тужбите со образложение дека не е надлежен, потоа Врховен, како највисок судски орган, ги укинал со укажување дека всушност Управниот суд е надлежен, но Управниот суд повторно ги одбил со образложение дека не може поединец да суди за колективно добро. Врховниот суд повторно го вратил предметот до Управен, но таму е донесена иста одлука од други причини, по што со третата одлука, Врховниот суд го прифатил ставот на Управен.

Правото на здрава животна средина е загарантирано со Уставот на Република Северна Македонија во членот 43 „Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“.

Извор: Курир.мк

Previous Post

Овој дел од Скопје денес (09.10.2024 среда) ќе биде без вода

Next Post

​ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
​ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа

​ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа

Recommended

Се огласи и Зеленски, за прв пат откако се согласи на прекин на огнот

Се огласи и Зеленски, за прв пат откако се согласи на прекин на огнот

9 months ago
Русија го протера и последниот македонски дипломат во Москва

Москва ги претстави условите за мир – Дали ова е прифатливо за Украина?

3 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.