Германските сојузни и покраински влади денеска се согласија за делумно „затворање”, така што баровите и рестораните ќе бидат затворени од 2-ри до 30 ноември, пренесуваат странските агенции.
Врз основа на делумното „затворање”, продавниците ќе можат да останат отворени доколку ја почитуваат мерката за физичка дистанца, дозволувајќи простор од 10 квадратни метри по лице.
Претходно, германскиот весник „Билд” објави дека германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на федералните покраини договориле нови мерки во борбата против коронавирусот но дека сè уште не биле официјално објавени.






