Општина Тетово ги известува граѓаните дека проблемот со водата за пиење е во процес на решавање. Екипите се на терен цел ден и работат на отстранување на проблемот, кој, како што се нагласува, зависи од природните услови и моменталните состојби.
Поради ова, рестрикциите на вода ќе продолжат од 01:00 до 04:00 часот по полноќ за да се наполнат акумулациите. Според општинските информации, водоснабдувањето се очекува да биде нормализирано утре, без прекини во текот на денот.
Од општината апелираат до граѓаните за разбирање и трпение, и најавуваат дека ќе ги информираат навремено за секоја промена.






