
(ФОТО, извор ФБ профил на Кешишов: Палевски и Кешишов)
Љупчо Палевски познат и како Палчо е осомничениот кој според истрагата, стои зад двојното убиство извршено во Велес (каде е убиен 74-годишниот фризер Панче Жежовски)и во Скопје (каде е убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска). Палевски е недостапен и најверојатно отпатувал од државата. МВР и обвинителството не ги соопштија иницијалите и возраста на осомничените, иако вообичаено постојано ги соопштуваат, особено полицијата во своите известувања до јавноста.
Палевски има десничарска проруска партија во Македонија, се занимавал со градежништво, а по меѓународна потерница распишана од Хрватска беше во екстрадициски притвор во Белград. Имаше и свој поткаст.
Меѓу осомничените е и штипјанецот Влатко Кешишов, тој е приведен и уапсен. Трет осомничен е Велибор Манев, кој исто така е приведен, пишува Телма.
Во јавноста се вртат веќе пораки за линчување на осомничените.









![НЕСРЕЌА ПО ПОЛНОЌ КАЈ ПОРТА МАКЕДОНИЈА – Возач со “Ауди” излетал од патот, автомобилот се запалил [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-25-131231.png)