Доктор Александар Митов со својот статус на Фејсбук ја шокираше јавноста.
Тој укажува оти во учебник по предметот „Образование за животни вештини“ наменет за средношколци има делови од учебникот кои се многу несоодветни за нивната возраст и со кои на некој начин се усмеруваат младите кон хомосексуалност.

– Прашања од УЧЕБНИКОТ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ:• Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?• Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања??????• https://www.bro.gov.mk/…/Rabotni_listovi-Obrazovanie_za…ШТО СЕ СЛУЧУВА ЛУЃЕ!?Министре Шаќири, во ред ли е ова според тебе? Ова ли се вредностите на ДУИ? (за СДСМ не ни прашувам)
Е само овој учебник да е, а не е само ова, мора да паднат од власт, нема друго решение.Просто се решени да тераат агенди спротивно на волјата на 90% од населението – напиша Митов на Фејсбук.Тој во својот пост го атачираше учебникот закачен на веб страната на Бирото за развој на образованието.

Учебникот е одобрен од Бирото за образование, и заштитен со нивниот штембил, како што може да се види и на самиот линк. Фото: Принтскрин/bro.gov.mk







