Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мароко минатата недела се искачи на 2.901, додека бројот на повредени е повеќе од двојно зголемен на 5.530, јави денеска мароканската државна телевизија.
Голем број преживеани се наоѓаат во импровизирани засолништа откако поминале четири ноќи на отворено.
Спасувачите од Шпанија, Велика Британија и Катар им помагаат на мароканските спасувачки тимови, додека Италија, Белгија, Франција и Германија изјавија дека нивните понуди за помош допрва треба да бидат одобрени.
На социјалните мрежи се уште се објавуваат нови вознемирувачки снимки од земјотресот во Мароко. Една од нив кога група граѓани додека удира земјотресот се веселат на свадбена церемонија, а едно дете завршува со големи повреди на главата.
Од земјотресот цело село е збришано од лицето на земјата, лоцирано во близина на епицентарот на потресот, каде во него живееле како што се пишува на социјалниите мрежи многу деца.







