Популарната раперка Карди Би е снимена како фрла (и удира) девојка во публиката на нејзиниот концерт во Лас Вегас, откако оваа ја погодила со пиво, пишува Дејли мејл.
Карди (30) е снимена од неколку агли како го фрла микрофонот, а снимката набрзо се проширила низ Икс (екс Твитер).
Ова не е прв пат Карди да одлучи да го користи микрофонот за нешто друго освен за пеење: вечерта пред ова шоу, таа се вознемири во еден клуб кога диџејот прекинал една од нејзините песни, па го погодила со микрофонот.
На видеото од Лас Вегас, се гледа како Карди, додека го пее својот хит од 2018 година, „Bodak Yellow“, реагира прво со неверување кога ќе ја полеат со пиво, а потоа брзо се собира и прецизно ја погодува девојката што ја Многумина забележаа дека иако Карди го испушти микрофонот, „продолжи да пее“ (читај откриен е плејбекот).






