Првиот вицепремиер Артан Груби пред камерата на Алфа телевизија го покажа автомобилот кој го има наведено во анкетниот лист.
– На мое име е, но ја вози татко ми – вели Груби во разговор со новинарот.
Тој дури и му понуди и помош на новинарот за купување на половни возила од негови пријатели.
– Ако вие имате потреба, јас ќе се обидам да ви помогнам преку мои пријатели да си земете возило за ваши приватни потребни, затоа што сте ми мил и драг и да ви излезам во пресрет како што мене ми излагаат во пресрет – додаде Груби.
Во продолжение, погледнете го видеото:







