Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од 15 часот ќе го игра финалниот меч на Вимблдон против Карлос Алкараз, каде ќе се обиде да испише уште една нова страница во историјата, како играч со најмногу грен слем титули во историјата. Тоа би било 24-то за Новак, додека првиот зад него Рафа Надал има 22.
Сите околу Новак се свесни колку е важен дуелот, наспроти него е младиот Карлос Алкараз кој има само 20 години и кој моментално е прв на табелата.
И покрај тоа, вербата не недостига, особено за Новак, но и за неговото семејство. Сопругата Јелена, синот и ќерката Стефан и Тара решија да го испратат на финалето на Вимблдон, но на сето тоа го надополнија со стар православен обичај, како што е полевање со вода по него, за да има среќа.
-Среќно – напиша Јелена покрај насмеаниот Новак кој со опремата отиде до Централниот терен.
Фото: принтскрин инстаграм Јелена Ѓоковиќ






