Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ТИВКО Е НА НОЖОТ! И турскиот аскер се поклони пред херојството на комитите во битката пред 116 години

by bulevar_com_mk_4dm1n
2023-07-14
in Uncategorized
ТИВКО Е НА НОЖОТ! И турскиот аскер се поклони пред херојството на комитите во битката пред 116 години

Тивко е на Ножот… зборови се кои што силно се врежани во колективната меморија на македонскиот народ како сеќавање на една од најголемите и најкрвавите битки коишто го водела Македонска револуционерна организација по периодот по Илинденското востаните.

Тогаш, на денешен ден пред 116 години, на 14 јули 1907 година, се случила големата Битка на Ножот, именувана по врвот Нож во близина на селото Ракле, прилепско, во којашто херојски загинуваат вкупно 67 македонски комити. Пред нивното херојство се поклонил и многубројно посилен турскиот аскер кој тој ден се бореше против нив во нерамноправна борба.
-Никој не смее да ги допре и да ги нагрди хероите. Гледате ли како комитите ја презираат смртта? Се борат и умираат како херои, биле зборовите на тогашниот турски заповедник Енвер – бег со коишто им ја изразил почитта на загинатите македонски комити.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад


Тој тогаш издаде и заповед да се испукаат три плотуни во чест на хероите, кои пред него лежеле мртви. Фотографиите од оваа битка, од загинатите херои, потоа го обиколиле светот како сведоштво за тоа како се принесува жртвата за слобода на татковината.
Инаку, на самата битка и претходеле многу случувања, убиства на војводи, пропагнади, но најмногу тешко влошување на состојбата на македонскиот народ во периодот по Илинденското востание во 1903 година. Турската тиранија станала уште пожестока, а околните монархии ја засилиле својата пропаганда во Македонија со цел да ги претопат Македонците во Бугари, Срби, Грци… Пропагандистите станувале свесни дека Македонците нема да се претопат преку духовно превоспитување преку црквата и образовниот систем. Во централниот дел од Македонија особено се судираат интересите на Бугарија и на Србија, особено на тромеѓата меѓу Прилеп, Велес и Тиквеш. Целта на пропагандистите била да се уништи раководството на револуционерната организација по секоја цена, да се доведе до дезорганизираност и борбено слабеење на четите, што било најизразено на теренот на Прилепско, Велешко, Поречието. Бугарија настојувала со сите сили да го подмити раководниот кадар на ВМРО и да го стави во своја улога и да поставува врховисти во македонските чети за да се уништува отпорот. Таков бил случајот во Велешко во 1905 година кога бил убиен велешкиот војвода Стефан Димитров. Подоцна по една година во 1906 година е убиен Ѓорѓи Сугарев, а во истата година се убиени и Панче Константинов, велешки околиски војвода, и Гога Ацев, прилепски околиски војвода, при што во тој дел се намалуваат активностите.

Видео) Верувајте, на Ножот никогаш не е тивко... - Трибуна


Македонските револуционери не можеле да ги трпат злосторствата и во почетокот на јули 1907 година започнале да се собираат на тромеѓата на Прилепско, Велешко и Тиквешко. Се собрале околу 150 вооружени комити, кои постојано се судирале со турскиот аскер, кој бил многуброен и подобро наоружан. Советот на војводите не го послушале советот на Прилепскиот околиски комитет за да го избегнат судирот со турскиот аскер.

На теренот од Никодинска Планина, во почетокот на јули, околу селата Никодин и Попадија, околу врвот Ножот, биле собрани околу 150 вооружени комити од ВМРО со војводите Петре Ацев, Најденов, Цветков и др., а се очекувала да пристигне и четата на војводата Јане Наумов-Алабакот. Но и турската управа во Прилеп била добро информирана за сите активности на теренот…
Пеколниот план за уништување на четите од ВМРО бил доверен на мајорот Енвер-бег, кој подоцна станал еден од највидните раководители на Младотурската револуција. Енвер-бег започнал да собира војска од Прилеп, Битола, Воден, Лерин, Велес, Тиквеш… Од сите страни 3.000-та војска започнала да се движи кон разграноците на Никодинска Планина, Попадиските Чукари и кон врвот Ножот. Револуционерниот комитет од Прилеп за собирањето на силната војска разбрал на 13 јули, ден пред битката, и ги известил четите да преземат мерки. На војводите им се препорачало да го напуштат теренот и да заминат за Мариово. Но, опсадата веќе била започната. Дел од војводите, согледувајќи ја состојбата во која се нашле решиле да останат и да се борат, преценувајќи ги сопствените сили. На 13 јули, војводите се распределиле во групи. Првата била со војводите Тане Николов, Петре Ацев, Ѓорѓи Мариовски, Михаил Чаков, Мирче Најденов и Ѓорѓи Спиркоски. Вкупно имале на располагање 150 комити и го запоседнале ’ртот кај Попадиските Чукари. Од оваа група се одделуваат две групи од по осум комити и со војводите Секула Ораовдолески и Велко заминуваат да го обезбедуваат врвот Јасенова Глава. Втората група од цела костурска чета со војводата Христо Цветков околу 30 комити, десетина души со војводата Мирче Најденов и десетина од велешката околиска чета на војводата Михаил Чаков го запоседнува врвот Ножот меѓу селата Ракле и Никодин.


Набрзо започнала и битката на Ножот. Комитите што се наоѓаат на Ножот отвораат оган по турскиот аскер, а осумнаесет комити се искачуваат и ги заземаат североисточните падини на самиот врв. Нивната позиција не им дозволува да гледаат што се случува на другите падини. Турските сили почнале да заземаат позиции околу самиот врв и да го обиколуваат. Турската чета ги нападнала другите 18 млади луѓе на североисточните падини, притиснати и од исток од аскер, сите паѓаат убиени, што го отвора патот за силен напад на Ножот. Плутоните од пушките се засилуваа, се слушаа бомбите а обрачот се стегаше. Со борбените дејства раководи Енвер-бег чии единици ги напаѓаат комитите. Изнемоштените и жедни комити на сувиот и гол рид се борат за последното парче слободна земја. Ги испраќаат и последните куршуми кон непријателот. Бараат помош, но не добиваат, дел од четите се повлекле. Ги прават последните напори да се приберат кон врвот. За кратко време сите се убиени. За јуриш, Енвер-бег ја избрал источната падина, која била без обезбедување. Другите живи го гледаат нападот, сопствената смрт и решаваат херојски да загинат, да се саможртвуваат за татковината и народот. Некои ги чуваат последните куршуми, други ги кршат пушките и уништуваат сѐ што има од вредност. Ги оставаат последните куршуми од револверите насочени кон нивните глави или последните бомби. Сред пеколот се слушаат борбените извици и последното ура…


Вкупниот број на загинатите комити во областа на планината Ножот е 67. Од нив, 45 загинуваат на самиот врв, други 10 се убиени во подножјето на планината Асенова Глава, шест лица паѓаат при повлекувањето од врвот, еден е убиен на Мирчовата Ледина, четворица комити се опколени во една плевна – двајцата се убиени, а другите двајца (повредени од претходниот ден) се изгорени живи, еден фатен комита е обесен по два дена во Велес.


Така завршила битката на Ножот која веднаш потоа влезе во историјата на македонскиот народ како пример кој покажува колку може да се сака сопствената татковина – Македонија. Како сеќавање на битката токму на Ножот е поставено и спомен-обележје како почит за хероите, на кое секоја година се посетува и се оддава почит за загинатите.

Previous Post

Дипломатите од ЕУ пак во Македонија се притиска за промена на Уставот ! Ќе попуштиме ли ?

Next Post

Чист ФАШИЗАМ, во ваква ли ЕУ сакате да влезе Македонија!? (Фото)

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
3аeв нeмa пpoблем Бугарите да станат дел од Уставот, медиумите веќе ги објавија бугарските апетити

Чист ФАШИЗАМ, во ваква ли ЕУ сакате да влезе Македонија!? (Фото)

Recommended

Да зачекори Стефанија – Да подариме детство без болка

Да зачекори Стефанија – Да подариме детство без болка

5 months ago
Од течење нос на дете до пневмoнија за 48 часа – ова е невидено до сега

Д-р ЛАЗАРОВ до колегите ДОКТОРИ: Како БЕ не ви е срам по листиве кандидатски сте се натопориле, држава ќе оправате, а уствари се лактате за фотељичка и аванта

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.